Брза, едноставна торта најдобра за подготовка во овие летни денови. Се подготвува со готови кори едноставни филови малку матење и имате сочно вкусно задоволство.
Подготовка.
1. Изматете ги киселото млеко и шеќерот во прав(рачно) на крај додадете ги мелените бисквити и лешници.
2. Изматете ја слатката павлака оделете мал дел за филување. Во останатиот дел додадете три големи лажици од горниот фил и растопената чоколада убаво промешејте.
3. Секоја кора ја натопуваме(преливаме) со чоколадно млеко нанесуваме од филот со кисело млеко потоа со слатка павлака.
4. Украсуваме со слатка павлака или по желба.
Забелешка.
Јас ги правев со чоколадните кори вие може со посветлите, во оригиналот не се мешаат трите лажици фил во слатката павлака и не се додава чоколада тоа е моја верзија. Вкусовите се различни затоа може да си додавате состојки по ваша желба.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани