Чипс од црвена леќа
Подготовка:
1. Леќата ја миеме со ладна вода, ја цедиме и ја ставаме во длабок сад. Ставаме вода да се прекрие леќата и да има вода над неа. Оставаме така да стои преку ноќ или 4-5 часа.
Леќата ја цедиме, миеме со ладна вода, повторно ја цедиме и ја ставаме во блендер. Блендираме. Во смесата ги додаваме сокот од лимон, доматното пире, лукот во прав, ориганото, црниот бибер и чили зачинот. Блeндираме.
2. Смесата ја ставаме во длабок сад. Ги додаваме сусамот, лененото семе и сончогледот. Промешуваме со лажица. Потоа ја ставаме во плех, обложен со хартија, распределуваме во тенок слој со силиконска лажица. Колку потенок слој толку покрцкав чипс.
3. Печиме во загреана рерна на 200 степени, 10 минути. Го вадиме чипсот од рерна и со голем нож сечиме парчиња во големина по желба. Го враќаме плехот во рерна и печиме уште 10тина минути, зависи од рерната и од тоа колку крцкав сакаме да биди чипсот.
Лиценца: Сите права се задржани
Одличен и здрав чипс.