Тиквиците исечете ги тенко на мандолина или со остар нож по должина. Бидете внимателни ако ги сечете со нож. Ставете ги во сад на страна. Во друг сад ставете брашно, а во трет ставете ладна вода. Во тавче за пржење ставете масло за се загрее, убаво. Тиквиците брцнете ги прво во брашно, па во вода, кратко. Потоа, веднаш ставете ги да се пржат во загреаното масло. Пржете додека да добијат златно жолта боја. испржените тиквици ставете ги на чинија обложена со хартиени салфетки. Уште додека се топли, зачинете ги со сол и бибер или маринирајте ги со точен лук, сол, бибер, маслиново масло и вински оцет. 

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови