Ова лето имав среќа да јадам многу убави домашни малини, благодарение на една госпоѓа што ги продаваше пред еден од маркетите каде што пазарам. Повкусни, сочни и мирисни малини немам пробано. Овој чизкејк е подготвен со тие малини.

Подготовка

1. Овесните снегулки и бадемите ги обработуваме во процесор, додека да се иситнат убаво, а потоа додаваме агаве сируп и растопено кокосово масло. Мешаме се убаво и потоа смесата ја натапкуваме на дното на калап за чизкејк (20цм). Го оставаме калапот во фрижидер.
2. Во блендер ги обработуваме сите состојки за филот освен мачата и малините. Блендаме додека не добиеме целосно изедначена и кремаста смеса. По желба може да се додаде повеќе/помалку агаве сируп.
3. Кога е се убаво и кремасто, половина од филот го истураме во сад и го тргаме настрана, а во остатокот од филот во блендерот ги додаваме малините. Блендаме до соединување, а добиената смеса ја истураме во калапот врз основата. Оставаме во фрижидер барем еден час.
4. Во другиот дел од филот ја додаваме мачата и мешаме убаво. Го додаваме филот со мача во калапот и оставаме во фрижидер преку ноќ.
5. Пред послужување декорираме со мала количина мача која ја поросуваме со помош на цедалка, неколку свежи малини и листови свежо нане.

На здравје!

*Наместо агаве сируп може да се користи јаворов сируп. Количините можат да се прилагодат по вкус.
*кокосовиот крем треба да биде отстојан во фрижидер најмалку 12 часа пред употреба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани