Испечати

Чизкејк со малини и мача (веган)

Чизкејк со малини и мача (веган)

Состојки

  • Основа
  • 150г овесни снегулки
  • 80г бадеми
  • 5 лажици растопено кокосово масло
  • 2 лажици агаве сируп
  • Фил
  • 200г индиски ореви (омекнати во вода преку ноќ)
  • 200г кокосов крем (цврстиот дел)
  • 6 лажици агаве сируп
  • 2 лажици сок од лимон
  • 4 лажици растопено кокосово масло
  • 2 лажици растопен какао путер
  • 1 лажичка ванила
  • 2-3 лажички мача
  • 150-200г свежи малини
  • Декорација
  • малку мача во прав (за поросување)
  • свежи малини
  • неколку листови свежо нане

Подготовка

Ова лето имав среќа да јадам многу убави домашни малини, благодарение на една госпоѓа што ги продаваше пред еден од маркетите каде што пазарам. Повкусни, сочни и мирисни малини немам пробано. Овој чизкејк е подготвен со тие малини.

Подготовка

1. Овесните снегулки и бадемите ги обработуваме во процесор, додека да се иситнат убаво, а потоа додаваме агаве сируп и растопено кокосово масло. Мешаме се убаво и потоа смесата ја натапкуваме на дното на калап за чизкејк (20цм). Го оставаме калапот во фрижидер.
2. Во блендер ги обработуваме сите состојки за филот освен мачата и малините. Блендаме додека не добиеме целосно изедначена и кремаста смеса. По желба може да се додаде повеќе/помалку агаве сируп.
3. Кога е се убаво и кремасто, половина од филот го истураме во сад и го тргаме настрана, а во остатокот од филот во блендерот ги додаваме малините. Блендаме до соединување, а добиената смеса ја истураме во калапот врз основата. Оставаме во фрижидер барем еден час.
4. Во другиот дел од филот ја додаваме мачата и мешаме убаво. Го додаваме филот со мача во калапот и оставаме во фрижидер преку ноќ.
5. Пред послужување декорираме со мала количина мача која ја поросуваме со помош на цедалка, неколку свежи малини и листови свежо нане.

На здравје!

*Наместо агаве сируп може да се користи јаворов сируп. Количините можат да се прилагодат по вкус.
*кокосовиот крем треба да биде отстојан во фрижидер најмалку 12 часа пред употреба.