Вишна чизкејк во чаша
Прво подгответе ги вишните. Исцедете ги од сокот, ставете ги во мало тенџере заедно со шеќерот и густинот и оставете да зоврие повремено промешувајќи. Кога ќе згусне, тргнете на страна и оставете да излади.
Измелете ги пишкотите и во нив додадете го стопениот путер. Убаво измешајте.
Во длабок сад изматете ја слатката павлака и при тоа постепено додавајте го шеќерот во прав. Во зависност од каква павлака користите, можеби ќе треба да ставите крем фикс за павлаката цврсто да се измати. Во друг сад ставете го крем сирењето и изматете го со миксерот да добиете кремаста смеса. Со помош на шпатула додадете ја слатката павлака во сирењето и измешајте се заедно.
Редете во чаши на следниов начин: 2-3 лажици од пишкотите, 2 лажици од смесата со крем сирење, слој од вишни. Повторете ја постапката уште еднаш. Доколку користите помали десертни чаши, тогаш ставајте само по еден слој од пишкотите, смесата со крем сирење и вишните.
На крај, ставете го десертот во фрижидер да отстои барем 1 час па потоа послужете.
Напомена
Врз пишкотите можете да напрскате малку Марсала, и така е многу вкусно.
На здравје!