Чиабата што не се меси
1. Се меша брашното со квасецот и солта, се додава водата и брзо се измешува со дрвена лажица.
2. Садот се става во најлон кеса да стои 18 часа и потоа се испреклопува во самиот сад неколку пати.
3.Тавчето се покрива со пекпапир и се посипува со палента.
4. Работната површина се попрскува со вода за да се залепи парче прозрачна фолија. Врз фолијата се посипува доста брашно и на тоа се истура тестото. Се побрашнува и се формира долгнавеста векна. Со помош на фолијата се превртува во тавчето и се остава да стои уште два часа.
5. Се пече 35-40 мин. на 220ст.С
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Имам само некои прашања тука: „Садот се става во најлон кеса да стои 18 часа и потоа се испреклопува во самиот сад неколку пати.“ - Дали садот стои на собна температура? И што значи се испреклопува во самиот сад? :)
Инаку, за ставките 3 и 4, од скоро имам Делимано тава за во рерна и мислам дека ќе може да се прескокнат и директ само да се истури тестото внатре (затоа што ништо, ама ништо не се лепи, пита правам и после печењето питата е неколку милиметри одвоена од рабовите :)
http://www.youtube.com/watch?v=YX_6l2bmvQI&feature=related
А за преклопувањето, можеби кога ќе го правите следен пат, може и да сликнете и тоа, па да ставите сликичка :) - (ако случајно не ми излезе добро, да има со што да се тешам :)))
Фала многу - обавезно ќе го пробам...