Чиабата што не се меси
Состојки
- 3 1/2 шољи бело брашно
- 1/2 шоља интегрално брашно
- 1/4 лажиче сув квасец
- 1 1/2 лажиче сол
- 2 шољи топла вода
Подготовка
1. Се меша брашното со квасецот и солта, се додава водата и брзо се измешува со дрвена лажица.
2. Садот се става во најлон кеса да стои 18 часа и потоа се испреклопува во самиот сад неколку пати.
3.Тавчето се покрива со пекпапир и се посипува со палента.
4. Работната површина се попрскува со вода за да се залепи парче прозрачна фолија. Врз фолијата се посипува доста брашно и на тоа се истура тестото. Се побрашнува и се формира долгнавеста векна. Со помош на фолијата се превртува во тавчето и се остава да стои уште два часа.
5. Се пече 35-40 мин. на 220ст.С