Црна алва со крем банани (без печење и без миксер)
Многу вкусна домашна црна алва. Крем бананките и даваат специфичен мирис и вкус.
Најпрво во тенџере се налева водата, па во неа се додаваат маргаринот и шеќерот да се растопат и да зовријат. Откако ќе започе да врие, смесата треба да изгледа како бела пена и се остава да врие 5минути. Потоа (по 5мин), се трга од оган и во неа се додава прво маслото за јадење, па какаото. Откако ќе се измешаат постепено се додава брашното и се меша убаво со лажица за да не се направат грутчиња. На крај се додаваат кокосот, сецканите ореви, па сувото грозје и крем бананките. Убаво се меша уште еднаш. Потоа се истура во плехче, обложено со најлонска фолија, па се остава да се стегне.
Забелешка
Многу е важно за алвата да се користи високо квалитетно какао. Исто така, важно е и времето на тргање од оган, значи треба да се мери вриењето да биде едно пет минути, ни помалку, ни повеќе.
Смесата за алва е готова, кога сама ќе се одделува од садот. Тоа значи дека можеби ќе ви бидат потребни плус уште две до три лажици брашно, за да се постигне посакуваната цврстина.
Доколку не сте сигурни, веднаш по истурањето на сите состојки, извадете малку од алвата, ставете во фрижидер, па за тоа време додека мешате, алвата ќе се стегне, па по тој пример ќе се ориентирате дали е потребно плус брашно да се додава во самата смеса. Излегува голема количина, и тоа значи дека може и да си правите и половична доза.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови