22
фев
2012
Циронки во сос
1. Циронките потпечете ги на рингла (ама на отворено, оти мирисот е неповторлив) а потоа ставете ги вода која врие. Нека повријат минута, две, истурете ја водата и така направете неколкупати.
2. Потоа циронките филетирајте ги.
3. На масло ставете го исечканото кромитче и лукче да се пропржи, ставете ги филетите, сосот од домати, виното, зачините, малку вода и сето нека крчка некое време, половина сат, 45 мин. отприлика.
На крајот ви останува да уживате.
Лиценца: Сите права се задржани