Испечати

Циронки во сос

Циронки во сос

Состојки

  • По желба циронки (солени рипчиња)
  • 1/2 л томатело (со оригано и босилек)
  • 250 мл црно вино
  • 50 мл маслиново масло
  • 2 ливчиња ловор
  • достааа нане
  • по 2,3 млади лукчиња и кромитчиња
  • по вкус вегета и бибер
  • по потреба вода за заливање

Подготовка

1. Циронките потпечете ги на рингла (ама на отворено, оти мирисот е неповторлив) а потоа ставете ги вода која врие. Нека повријат минута, две, истурете ја водата и така направете неколкупати.
2. Потоа циронките филетирајте ги.
3. На масло ставете го исечканото кромитче и лукче да се пропржи, ставете ги филетите, сосот од домати, виното, зачините, малку вода и сето нека крчка некое време, половина сат, 45 мин. отприлика.
На крајот ви останува да уживате.