Повторно предлог од мене за убав појадок, во овие зимски утра...

Во вангличка ги ставаме шеќерот, ванилата, јајцето, солта, јогуртот, пецивото, брашното,ракијата.
Цела смеса убаво ја соединуваме со миксер.
Сега земаме мала касерола, ставаме 2 прста масло и го загреваме на умерен оган, никако на јак, бидејќи однатре може да останат живи при пржењето.
Од кога е загреано маслото со помош на намастено лажиче земаме од смесата и спуштаме во маслото.
Најчесто сами се превртуваат фритулите, но ако има потреба ги превртуваме со вилушка.
Од кога се заруменети ги редиме на хартиени салфети, и покрај тоа што вооопшто не се мрсни.
По желба ги сервираме со шеќер во прав, со чоколадо, нутела...
Уживамееее
Ако користите 1 чашка овошен јогурт, кој е во продажба и има 150 гр тогаш ставете 8 лажици брашно, или може 150 гр овошен јогурт, 1 лажица кисела павлака и 10 лажици брашно

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани