Воздушести, слатки, мали фритули.

Подготовка:

1. Во еден сад се соединуваат малку изматено јаце, јогурт, па се додаваат шеќер, сол, ванила, рум. Се промешува, па се додаваат пециво и брашно.
2. Во тенџере се загрева маслото на среден оган, да не биде јак и се спуштаат со помош на лажиче да се пржат. Во текот на пржењето сами се превртуваат. Ги пржиме малку да поруменат и ги редиме на хартиени салфети. Посипуваме со шеќер во прав и послужуваме.
Јас користев овошен јогурт од шумско овошје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани