Испечати

Фритули со овошен јогурт

Фритули со овошен јогурт

Состојки

  • 1 јајце
  • 1 лажиче пециво
  • 1 лажиче шеќер
  • 1/4 лажиче сол
  • 1 ванила
  • 1 лажиче рум
  • 180 мл овошен јогурт
  • 7 полни лажици брашно
  • масло за пржење и шеќер во прав по потреба

Подготовка

Воздушести, слатки, мали фритули.

Подготовка:

1. Во еден сад се соединуваат малку изматено јаце, јогурт, па се додаваат шеќер, сол, ванила, рум. Се промешува, па се додаваат пециво и брашно.
2. Во тенџере се загрева маслото на среден оган, да не биде јак и се спуштаат со помош на лажиче да се пржат. Во текот на пржењето сами се превртуваат. Ги пржиме малку да поруменат и ги редиме на хартиени салфети. Посипуваме со шеќер во прав и послужуваме.
Јас користев овошен јогурт од шумско овошје.