Шеќерот и водата се стават во тенџере на оган да зоврие, колку да се растопи шеќерот. Чоколадата се топат на пареа, секое посебно. Мелените ореви се стават во сад, црното растопено чоколадо во друг сад и белото чоколадо во трет сад, значи сите посебно.Откако ќе зоврие шербетот се дели со ракиени чаши на 3 дела и се додава во секој сад. Се мешат убаво сите смеси и потоа во плехче за бајадера се става прво црниот дел, па смесата со ореви, па белиот дел. Се остава да се стегне и потоа се украсува по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани