Досега имам испробано неколку рецепти за фокача и иако изгледа мошне лесна за подготовка многу работи можат да тргнат наопаку.... Нејсе, рецептот го најдов на ЊуЈорк Тајмс Кукинг и мислам дека барем за наш вкус оваа фокача е добитна комбинација.

1. Тестото може да се приготви и 4-8 часа однапред доколку го чувате во фрижидер, а доколку се остави да кисне во потопла просторија тогаш доволни се 2 до 2,5 часа.
2. Постапката е лесна, во подлабока чинија се додаваат брашната, настрана се става квасецот да се раствори во една шоља вода со шеќерот и тој се додава во брашното , маслиновото масло и солта и се замесува нелепливо глатко тесто. Доколку е потребно при месењето се додава вода или брашно. Јас бидејки печев во ростер квадратното тавче на Делимано (27х27цм), доволно е да ги преполовите состојките. За крај се формира топка од тесто се премачкува со маслиново масло и се остава да кисни.
3. Штом тестото ќе ја удвои својата големина се загрева рерната на 220 степени.
4. На страна се спрема топингот, лукот се сецка ситно, доматите се сечат на поголеми парчиња, а кромидот на тенки ленти.
5. Со намрсени раце се расплескува тестото во тавата во која ќе се печи, при тоа јас не додавам многу масло, остава тестото да се одмори уште 5-10 минути, па со врвот од прстите се прават мали вдлабнатини повторно да се рашири тестото. Јас во вдлабантините ставам прво лук, па парче од сувите домати, па кромид и на крај зачинувам со сол, и зачински билки.
6. Се пече околу 20 до 25 минути на 220 степени и по печењето се остава 10тина минути да олади пред сервирање.

Доколку немате суви домати од тегла, можете да користите и суви домати со тоа што ќе ги рехидрирате во врела вода околку 10-15 минути. Топингот може да биде и по ваш избор, со чери домати, кромид, маслинки или само со лук и зачински билки, се е до вкусот а за вкусови не се дискутира НАЗДРАВЈЕ ......

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови