Фанурија - погача
Оригиналниот рецепт за фанурија е поинаков од овој што јас ќе го споделам со вас, но и овој рецепт е доста вкусен. Најпрво се зафаќа квасецот и се остава да надојди и потоа се додаваат брашното, ванилата, шеќерот, маслото и водата додавајте ја постепено. Можеби ќе ја ставите цела количина на вода, а ако ви е многу не ја турајте цела (тестото треба да е потврдо,нешто какао за турте). Оставете го тестото да надојди околу 30 мин.потоа размесете го и поделете го на три делови. Од секој дел оставете по малку за украсување. Во едниот дел ставете ги оревите, во другиот ренданата кора од лимон, а третиот останува каков што е.
Во намрсено и посипено со сецкани oреви тавче прво ставете го делот со оревите, врз него намачкајте еден слој мармалад. Ставете го потоа делот со лимонот, пак намачкајте со мармалад и на крај ставете го белиот дел. Од теsтата кои ги оставивте направете форми по желба и украсете. Печете на 190 степени околу 45 мин.На здравје!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ubava dolovena i tvojava pogaca