Ова лето имав прилика да отидам на одмор во Турција (поточно во Сиде) и да уживам во убавините кои ги нуди, па затоа денес решив да ви го издвојам овој здрав млечен крем од нивната богата кујна, кој е едноставен за правење, а може да се јаде без чувство на вина.

Подготовка

Смоквите ги миеме и ги ставаме во длабок сад со жешка вода. После пола до еден час убаво ги цедиме од водата, им ги одстрануваме рачките и ги сецкаме на помали парчиња.

Во меѓувреме млекото го ставаме на оган да се затопли (но не треба да зоврие). Готово е кога ќе биде доволно жешко (проверуваме со малиот прст брцнат во млекото и да можеме да издржиме 5 секунди - тогаш е готово).

Исецканите смокви ги ставаме во тесен и длабок сад, додаваме дел од млекото и блендираме со стапчест блендер до добивање мазна смеса.

Оваа смеса ја додаваме кај останатата количина од млекото, соединуваме со рачна маталка. Кремот го ставаме во чаши или чиничиња, веднаш ги покриваме со мали чиничиња, па врз нив ставаме чаршаф и некое помало ќебе. Завиткуваме убаво и така го оставаме кремот на собна температура 2 часа. После 2 часа кремот веќе почнал да се згуснува. Сега го оставаме во фрижидер барем 4-5 часа. Јас го ставив од вечер.

Тоа е се, одозгора јас по мој вкус ставив малку мелени ореви, но тоа не е задолжително.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани