тесто
1. Белките ги биеме со шеќерот. Ги додаваме шеќерот и пецивото. Мешаме со дрвена лажица.
2. Плех од шпорет го обложуваме со хартија за печење. Во плехот по целата површина ставаме сецкани ореви. Врз нив го тураме тестото.
3. Печеме на 180 степени 15 минути.

фил
1. Во сад на оган ставаме 600 мл млеко да зоврие.
2. Пудинзите ги раствораме во 200 мл млеко. Жолчките ги биеме со шеќерот. Го додаваме густинот и 200 мл млеко и продолжуваме со биење. Оваа смеса ја додаваме во млекото со пудинзите. Сето тоа го ставаме во млекото кое врие и го мешаме додека да се свари. Садот со филот го покриваме со проѕирна самолеплива фолија и оставаме да се излади.
3. Филот го делиме на 2 дела. Во едниот дел ставаме растопени црни чоколадо, а во другиот растопено бело чоколадо и кокос.

Напомена – доколку белиот фил ви биде многу густ може да додадете 3 лажици врело млеко.

Тестото го делиме на 3 дела. Од двата фила во други садови ставаме по 4-5 лажици кои ќе ги искористиме за премачкуваме одозгора.
Врз првиот дел од тетсото ставаме од белиот фил, врз него го ставаме вториот дел од тестото, па црн фил, на крај го ставаме и последното тесто. Целата торта ја премачкуваме првин со бел, а потоа со црн фил. Тортата ја посипуваме со сецкани ореви.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани