За подготвување на тригоните најпрво ситно исецкајте ги оревите, лешниците и бадемите и измешајте ги заедно, бисквитите, шеќерот и ванилите. Во сад настрана растопете ги путерот и додадете го маслото. Земете две кори ставете ги една врз друга и со четче премачкајте ги со путерот и маслото. Потоа сечете ги на три еднакви по ширина ленти. На крајот од лентите ставете од филот и почнете со виткање се додека не ја свиткате лентата. Така направете со сите кори и редете ги во плехче. На крај потурете ги со останатото масло и путерот и оставете ги да постојат околу 20 мин и потоа печете ги на 190 степени околу 20 мин. Во меѓувреме сварете го шербетот ако сакате ставете лимон(јас лично сакам).
Тригоните треба да се млаки, а и шербетот млак кога ќе ги потурате. Многу ми е криво што немам дополнителни фотографии од виткањето на тригоните, ги правев пред некое време и воопшто не се сетив да сликам. На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови