Чешките специјалитети се многубројни, а Трделникот е само еден од нив.

Бев фасцинирана од самиот престој во Златната Прага, како што ја нарекуваат, а посебно од аромата која се шири низ Прага, низ Староградскиот плоштад.. …мирис кој ве мами од уличните продавачи, трафики да го дегустирате ова парче убавина.

Направен е од слатко тесто кое е завиткано околу конус и е валкано во шеќер. Се пече на јаглен, се премачкува со стопен путер, се додека неговата површина не е готова до златно-кафеава боја и не се формира сјајна, крцкава кора.

За да го подготвите овој десерт ви треба мноооогууу љубов, картонски остатоци од фолии, или празни лименки и време.
Па еве ја мојата изведба од која сум презадоволна како за прв пат.

Домот мирисаше на цимет, лешник, на убавина…на нешто многу вкусно.
Собрав 5-6 ролни картонски од искористена фолија.

Секоја ролна ја обмотав со парче фолија и танко ги премачкава со масло.
Ги оставив на страна до употреба.

Во топлото млеко, го ставаме квасецот, лажиче брашно и лажиче шеќер.
Промешуваме и оставаме да се активира.

Потоа во вангличка ги ставаме втасаниот квасец, јајцето, некое зрно сол, маслото, остатокот од шеќер. Додаваме брашно.

Замесуваме мазно, нелепливо тесто.

Го покриваме и оставаме да одмори, односно да втаса 20 минути.

За тоа време земаме 3 големи плеха

Во првиот ставаме кафен шеќер.

Во друг плех ставаме кафен шеќер и цимет

Во трет плех ставаме мелени лешници…..

Сега од тестото на малку набрашнета маса сучиме правоаголна кора, со дебелина од 2-4 мм.

Со алатка за пица ја сечиме на ленти широки по 1-1,5 цм.

Ја земаме првата ролна.

Почнуваме да мотаме околу неа, при што по малку секое обмотано парченце го покриваме со новата трака.

Јас на едно парче картон ставав по 2 Трделници.

Од кога се намотани на работната маса со дланките ги сучиме 1-2 пати, со цел да се залепат и израмнат.

За среќа мене ниту ми се отвори некој ниту ми пукна

Постапката е иста се додека не се истроши тестото.

Сега со четка секој трделник го премачкуваме со растопен путер.

Потоа картонската ролна ја валкаме во големиот плех со кафен шеќер.

Втората ролна ја валкаме со плехот со лешник, третата со цимет…..изборот е ваш

Ги редиме во голем плех обложен со хартија за печење.

Одма ги ставаме во загреана рерна да се печат околу 20 минути.

Вадиме од рерна и оставаме да се подизладат.

Потоа внимателно ги вадиме, лесно оди тоа.

Ги редиме на послужавник.

Во меѓувреме секој го бира своето полнење.

И уживаааааме

Дури велат во Прага е пожелно да касниш еден празен трделник, за да го осетиш вкусот на тоа прекрасно парче тесто, со крцкав карамелизиран шеќер, па потоа да купиш со полнење по сопствен избор.