Тофу сирење на грил тава
За Тофу сирењето мислам дека се знае премногу. Тоа е едно убаво здраво меко сирење, коe во својата текстура содржи многу вода. Нема потреба од многу притискање кога ќе го подготвувате затоа што постои можност од негово распаѓање. Тоа е толку многу меко и свилено. Од него можете да правите смутиња, сосови и намази, зашто е идеално за обработка. Јас го обожувам со сув босилек. Овој пат го подготвив на тава,и не згрешив.
Ајде да ви објаснам.
1. Пред да почнете со подготовката на овој рецепт, извадете го сирењето од пакувањето и исцедете му ја течноста. Ова сирење бара малку повеќе цедење затоа оставете го уште дваесетина минути на кујнска хартија. Пресечете парчиња со дебелина од еден прст. Посолете го и наросете ги со свежо мелен црн бибер.
2. Грил тавата попрскајте ја со маслото. Кога е вжештена редете ги парчињата сирење. При подготовката наросете повторно сол и сув босилек. Вадете од тавата и сервирајте на парчиња зелена салата.
Од самото сирење, од зачинките и маслиновото масло, вкусот е совршен.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Meko e i neznam da ti opisam tocno,kako presno sirenje... zemi nekoe malo parce, probaj go.
Ова го купив од еден малезиски маркет, сакав да го пробам и овој вкус,да видам како е таму.
Сакам да вкусувам се,како викаат кај нас за добро свинче нема лоша помија ))))