Испечати

Тофу сирење на грил тава

Тофу сирење на грил тава

Состојки

  • 400 гр тофу сирење
  • 1/2 лажиче свежо мелен црн бибер
  • 1 лажиче сув босилек
  • 1/2 лажиче сув власец
  • 100 мл маслиново масло

Подготовка

За Тофу сирењето мислам дека се знае премногу. Тоа е едно убаво здраво меко сирење, коe во својата текстура содржи многу вода. Нема потреба од многу притискање кога ќе го подготвувате затоа што постои можност од негово распаѓање. Тоа е толку многу меко и свилено. Од него можете да правите смутиња, сосови и намази, зашто е идеално за обработка. Јас го обожувам со сув босилек. Овој пат го подготвив на тава,и не згрешив.
Ајде да ви објаснам.

1. Пред да почнете со подготовката на овој рецепт, извадете го сирењето од пакувањето и исцедете му ја течноста. Ова сирење бара малку повеќе цедење затоа оставете го уште дваесетина минути на кујнска хартија. Пресечете парчиња со дебелина од еден прст. Посолете го и наросете ги со свежо мелен црн бибер.
2. Грил тавата попрскајте ја со маслото. Кога е вжештена редете ги парчињата сирење. При подготовката наросете повторно сол и сув босилек. Вадете од тавата и сервирајте на парчиња зелена салата.
Од самото сирење, од зачинките и маслиновото масло, вкусот е совршен.
На здравје.