Брзи, крцкави банички кои се прават на тостер, и кои можете да ги приготвите со фил по ваш избор.

1. Почнуваме со припрема на филот- Го миеме и сецкаме празот, па го пржиме на загреано масло колку да омекне. Посолуваме и додаваме црн бибер по желба и вкус. Соединуваме со урдата и јајцето.
2. Потоа почнуваме со правење на баничките. Секоја баничка ја правиме со 2 кори. Првата кора ја премачкуваме насекаде со растопен маргарин, врз неа ја ставаме втората кора - и неа ја премачкуваме насекаде со растопен маргарин.
3. Ставаме од филот обилно врз целата површина на кората. Завиткуваме на следниот начин - преклопуваме од двете страни (од ширината) кон средината, потоа преклопуваме од долната и горната страна (од должината) кон средината. Преклопуваме уште еднаш да добиеме форма како баничка (видете дополнителни слики)
4. Едната страна на баничката ја премачкуваме со растопен маргарин, ја ставаме баничката во тостерот свртена со таа страна надоле, ја премачкуваме и горната страна со растопен маргарин.
5. Го затвараме тостерот (не притискаме) и ги печеме околу 5 минути, ама сепак тоа зависи и од јачината на тостерот, вие проверете си после 5 минутки дали е доволно.
6. Во меѓувреме додека се печат првите две банички, спремајте ги наредните две. Јас направив 4 банички со вкупно 8 кори (250гр)
За фил може да користите што и да посакате - зденки, сирење, шунка, кашкавал, изборот е ваш.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани