16
авг
2021
Тортици од вафли со пудинг и овошно желе
Подготовка
1. Сварете го пудингот во млекото со 3те ќесички и шеќерот. Додека е топол, додадете го маргаринот, исечкан на помали парчиња и мешајте интензивно да се соедини до мазна смеса.
2. Наредете пола од вафлите, на дното од калап со димензии 20х20. Можe да користите и поголем ако сакате со 400 гр вафли. Има простор за варирање.
3. Ставете половина од пудингот, па разнесете насекаде од желeто. Измешајте со вилушка да се распореди насекаде, но не и да се соедини комплетно.
4. Потоа дотурете го пудингот и повторно измешајте на ист начин. Најгоре наредете/покријте со вафли.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови