Торта со моркови
Во еден сад се матат јајцата со шеќерот, им се додава маслото и млекото, сето се измешува и на смесата сега и се додава пресеаното брашно, прашокот за пециво и циметот и на крај се додаваат ситно изренданите моркови. На готовата смеса за тортата се додаваат сечканите ореви и ренданата кора од портокалот.
Смесата се разделува на 3-4 дела и се печи 30 минути на 180-200 степени.
Откако ќе се испечат тестата и откако ке изладат целосно тортата се филува, за филот, крем сирењето се меша со шеќерот и ванилата. Слатката павлака се мати на снег и во неа се додава смесата со сирењето.
Тортата се филува и се украсува.
Тортата на сликите е направена од половина доза и е печена во тава за печење
20 см, ја разделив на две теста, а од тортата се добиваат 8 парчиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови