Пандишпан

Изматете ги пенесто јајцата со шеќерот, ванилата и прстофат сол.
Со постојано матење додајте го маслото и растопениот оладен путер.
Додајте го брашното измешано со пецивото и какаото.
Измешајте убаво со жица.

Истурете ја смесата во округол калап(јас го користев силиконскиот округол калап на Делимано).
Печете на 180 степени, околу 25 минути(зависно од вашата рерна).
Испечениот пандишпан оставете го да се олади, а потоа пресечете го на 2 дела.

Крема
Изматете го путерот со ванилата и шеќерот во прав.
Додајте го крем сирењето и матете додека убаво се соединат.
На крај додајте ја претходно изматената слатка павлака и кексите искршени со раце.
Измешајте внимателно.

На подлога за торта ставете еден дел од пандишпанот.
Нанесете ја кремата и поклопете со другиот дел од пандишпанот.
Целата торта премачкајте ја со изматена слатка павлака и украсете со кекси бисквити.

Оставете ја во фрижидер да отстои околу1-2 часа.

Со оваа тортичка го обележавме мојот роденден.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани