Торта со алва
Оваа торта ја имам правено многу одамна. Овојпат решив пак да ја направам, но со мали измени кои супер се вклопија во целокупниот состав.
За пандишпанот
Се матат јајцата со шеќерот се додека се стопи шеќерот.
Во нив се додава брашното измешано со прашокот за пециво и се додаваат и лешниците. Убаво се промешува. Се става во тавче бр. 26 обложено со хартија за печење и се пече на 180 степени се додека да биде готов пандишпанот.
Одкако ќе се испече и ќе се излади се сече хоризонтално на половина за да излезат два пандишпана.
За кремот којшто е многу лесен и за подготовка и за јадење
Се мати слатката павлака, во неа се додава алвата претходно изронета со помош на вилушка, се промешува и се додаваат и бананите истотака изгмечени со вилушка, повторно се промешува додека да се соединат состојките и кремот е готов.
Се започнува со филувањето
Еден пандишпан, врз него оди 2/3 крем, па другиот пандишпан и со останатиот крем се премачкува целата торта.
За украсувањето
Се мати слатката павлака и со неа се премачкува целата торта и одозгора и од страничните делови се завршува со лешници.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови