Се става квасецот во млекото, се додава шеќерот, ванилата и се загрева да биде млако.
Се додава 1 лажица брашно и се остава да стаса.
Се меси тесто меко и се прават топчиња, се оставаат 10 тина минути да стасаат.
Ренданите јаболка се пропржуваат малку, се додава цимет и оревите.
Од секое топче се сучи мала кора, на средина се става од филот и се затвара како торбичка.
Се оставаат да стасаат и се печат на 200степени додека поруменат.
Откако ќе се испечат се наросуваат со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани