17
мар
2014
Топеницата на баба
Подготовка на топеницата
1. Сувиот леб ситно се дроби, на ситни залачиња
2. На загреано масло за јадење и растопена свинска маст се става издробениот леб и се пропржува, онолку колку што сакаме да биде крцкаво - повеќе или помалку
3. При пржењето се попрскува со раката со капки вода (јас често и не попрскувам со вода, затоа што топеницата ја сакам покрцкава и поиспржена)
4. Се посолува
5. Се сервира во чинија со парчиња сирење и павлака или кисело млеко
Ова е вкусен појадок, а истовремено и одличен начин да се искористи бајатиот, сув леб кој ни заостанал од претходните денови..
Пријатен појадок на сите кои го прават овој стар рецепт на бабите наши !
Лиценца: Сите права се задржани