27
јул
2013
Тиквица во рерна
1. Тиквиците ги лупиме и ги сечиме на кругови со дебелина од 0,5 цм. Ги редиме во караванче, во кое има малку маслиново масло, како ќерамиди (секое наредно тикве да препокрива дел од претходното ).
2. Врз тиквињата ставаме 1 лажица мешан зачин и 3 лажици маслиново масло.
3. Морковите ги чистиме и рендаме на крупната страна од рендето. Ги ставаме врз тиквињата.
4. Лукот го гмечиме со машинче за лук. Врз нив тураме вода и 3 лажици масло.
5. Печиме во загреана рерна 15 минути на 200 степени и уште 15 минути на 180 степени.
6. Пред вадење го ставаме сецканиот магдонос и во исклучена рерна го вракаме јадењето со магдоносот уште малку да постои.
Лиценца: Сите права се задржани