Подготовка:

1. Во длабок сад ги матиме јајцата, солта и маслиновото масло. Полека постепено додaваме од просеаното брашно и со вилушката го матиме тестото. Додаваме млеко по потреба.
2. Потоа со раката месиме пополека. Стискаме убаво, поместувајќи го тестото од прстите кон дланките.
Ако е суво додавајте млеко, по потреба. Измесете убаво суво тесто. Оставете го 15 минути да одмори.
3. Потоа пределете го на два дела и правете мали топчиња, кои ќе ги поминете на машинка.
4. Редете на подлога да се сушат. Сувите тестенини соберете ги за зимото. Ако користите селски јајца ќе имате вакви убави тестенини.
На здравје

*Забелешка - Брашното може да варира од големината на јајцата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови