Подготовка:

1. Најпрво пригответе го сосот. Во тава на оган со маслиново масло попржете го кромидот додека не омекне, потоа додадете ги сечканите чери домати и попржете уште неколку минути. На крај додадете ја водата, концентратот од домати, ориганото, босилокот, солта, црниот пипер и оставете ги да се варат десетина минути под капак. Откако ќе се сварат изблендирајте ги и сосот е готов.
2. Во тенџере на оган додадете ги водата и крупната сол. Откако ќе зоврие водата додадете ги тестенини и варете ги онолку минути колку што пишува на упатството на вашите тестенини. Откако ќе се сварат тестенините процедете ги од водата и соединете ги со сосот.
Послужете ги со пармезан и свеж босилок.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани