Тестенини со морски плодови
Одличен летен рецепт, кој кај нас е често на трпезата.
Тестенини со морски плодови. Ајде да ги спремиме.
Подготовка:
1. Ги одмрзнуваме морските плодови. Кога се добро одмрзнати, ги тапкаме со кујнска хартија.
2. Во кацерола ставаме малку маслиново масло. Додаваме ситно исецкано лукче. Пржиме додека не ја пушти аромата, па ги додаваме морските плодови. На тивок оган се пржат и од самите себеси пуштаат вода. Нека динстаат на тивко. Додаваме 1/2 чаша бело вино и ги динстаме се додека виното не испари.
Зачинуваме со свежо мелен црн бибери свеж босилек.
3. Тестенините ги вариме во посолена вода со маслку масло. Ги цедиме од водата и ги помешуваме во садот кај морските плодови. Додаваме сок од пола цеден лимон.
Сервираме со парче лимон и свеж босилек.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови