Тегнети банички со пилешки наткопани
Еднаш направив банички со мелено непржено месо и бев воодушевена од вкусот и сочноста.
Од тогаш само така ја правам.
Е сега, сакав да сменам да не биде мелено, па ми дојде на идеја пилешко.
Вкусот беше преубав, а внатре баничките беа многу сочни.
Ви препорачувам да пробате.
1. Од состојките за тесто замесете средно меко, нелепливо тесто. Поделете го на 5 топчиња. Секое топче расукајте го во мала кора, колку големина на една мала чинија. Наредете ги корите на набрашнета крпа и премачкајте ги со масло. Оставете да отстојат 15-20 минути.
2. За тоа време, на наткопаните отстранете им ја кожата и коските.
Потоа со нож исецкајте го месото на многу ситни парчиња. Во тава на малку масло пропржете го кромидот, па додајте го во месото. Посолете и наросете бибер. Измешајте убаво.
3. На чаршав растегнете ја секоја кора. Попрскајте со масло и нанесете од полнењето. Со помош на чаршавот свиткајте во ролат, а потоа завиткајте во вид на полжав.
4. Наредете ги баничките во тава и попрскате ги со масло. Печете на 200 степени, 25 минути, додека заруменат.
Лиценца: Сите права се задржани
Odlicno izgledaat