Тартуфи со ликер од јајце и кокос
Преубав и нежен вкус, вкус кој ќе сакате се почесто да го имате. И оваа година направив тартуфи, но овојпат нешто поубав вкус од претходните години. Едноставни за подготовка, а верувам дека никој нема да остане рамнодушен на нив. За нивната подготовка не треба многу време. Додека го спремате утринското кафе, ќе ги спремите и нив.
Подготовка:
1. Ставете да се растопи белата чоколада на пареа.
2. Во друг сад спојте ги кокосот, ванилите, ликерот и путерот кој што е мек, но не стопен. Растопеното чоколадо додадете го во садот и мешајте. Спојте ги убаво состојките. Ставете ја смесата во фрижидер. 3. Откако малку ќе стегне, полека со рака правете топчиња, во чија внатрешност ставeте лешник.
Готовите топчиња извалкајте ги во кокос. Чувајте ги во фрижидер, заради ликерот од јајце.
Колачите се преубави, па ако ми верувате, направете си ги за празниците кои доаѓаат.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови