Тартифлет
Нешто од француската кујна. Едно брзо, лесно и вкусно јадење
Најпрво се варат компирите, лупат и сецкаат на коцки. Поубави се и кога ќе се остават да се оладат.
Во тавче се пропржува кромидот, претходно иситнет, се додава сланината и таа малку се пропржува.
Компирите се стават во подмачкана тава.
Се додава неутрален крем, сланината со кромидот, сол, бибер, морско оревче и се меша се заедно или се става ред компири ред сланина повторно компири и се полива со кремот.
Се реди сирењето одозгора и се потпекува.
Ние не го обожаваме кромидот и не го ставаме во ова јадење.
Сланината може да биде пропржена а и не, бидејќи веќе е димена.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови