Тартифлет
Состојки
- 1кг варени компири
- 1 главица кромид
- 50мл неутрален крем за готвење
- 200 гр ситно сецкана димена сланина
- 500гр сирење - ементал, раклет, кантал, реблушон, сирење за тартифлет
- 3лажици зејтин
- сол бибер морско оревче
Подготовка
Нешто од француската кујна. Едно брзо, лесно и вкусно јадење
Најпрво се варат компирите, лупат и сецкаат на коцки. Поубави се и кога ќе се остават да се оладат.
Во тавче се пропржува кромидот, претходно иситнет, се додава сланината и таа малку се пропржува.
Компирите се стават во подмачкана тава.
Се додава неутрален крем, сланината со кромидот, сол, бибер, морско оревче и се меша се заедно или се става ред компири ред сланина повторно компири и се полива со кремот.
Се реди сирењето одозгора и се потпекува.
Ние не го обожаваме кромидот и не го ставаме во ова јадење.
Сланината може да биде пропржена а и не, бидејќи веќе е димена.