Тарт со фстаци и чоколадо
Подготовка
1. Мелените орео колачиња ги мешаме со стопениот путер и ја префрламе смесата во калап за тарт. Натапкуваме убаво на дното и од страните. Ставаме во фрижидер.
2. За пастата, 120г фстаци треба да ги излупиме и да ги оставиме во вода преку ноќ (во фрижидер). Ги плакнеме отстојаните фстаци и ја отстрануваме тенката лушпа (колку што може), за да добиеме убава зелена боја. Ги ставаме во блендер или процесор заедно со 2 лажици јаворов сируп, 1 лажичка ванила арома и 1 лажичка мача и на кратки интервали ги обработуваме додека не добиеме мазна паста.
3. Ја премачкуваме пастата од фстаци врз основата од орео колачиња. Враќаме во фрижидер.
4. За чоколадниот ганаж го одвојуваме цврстиот дел од конзервите кокосово млеко. Додаваме лажичка ванила арома, 1 лажица јаворов сируп, 1 лажичка какао и прстофат сол во тенџере на оган до пред да зоврие. Потоа го додаваме чоколадото и мешаме додека целосно не се растопи. Оставаме смесата да се олади 10-15 минути па ја истураме во калапот за тарт врз пастата од фстаци.
5. Враќаме во фрижидер да отстои минимум 6 часа (најдобро преку ноќ) пред да се сече. Декорираме со сецкани фстаци. На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани