Тарт со смокви, путер и бадеми
Додека ги има свежи, да ви предложам една ваква делиција. Далматинките имаат прекрасни рецепти како за тартови, колачи, слатка, мармалади... така и за тоа како да се квалитетно исушат смоквите. Вистински мајстори се за нив, па така не можев да го одминам и овој рецепт на Гиада, а да не ви го претставам и на вас.
ТЕСТО
- Во сад измешајте ги сите состојки за тестото и со рацете измесете една хомогена смеса сите состојки да се добро спојат. Ставете на кратко во фрижидерот за да ви се полесно сука.
- Извадете од фрижидерот и на работната подлога расукајте кора која ќе е поголема од Делимано модлата за тартови и кростати, па со помош на сукалото ќе ја пренесете и со рацете оформете ја околу зидот на модлата.
ФИЛ
- Со миксер изработете ги белките со шеќерот во цврст снег, додајте го медот, бадемите, кората од лимон и румот. Измешајте со шпатулата и нанесете го филот врз кората. Исечете ги смоквите на кругови, распоредете над филот, ставете да се пече во предходно загреана рерна на 180 степени околу 30 мин. односно готова е кога ќе видите дека е заруменета.
И тоа е тоа - многу напишано - а малку за работа.
Напомена
- Бидејки ја растегнувам кората со сукало на фолија тестото не се лепи и многу лесно се пренесува во модлата. Доколку некој нема таква фолија, тогаш нека го стави тестото помегу две прозирни фолии - со сукало се поминува врз фолијата, се оформува кората, се одлепува горниот дел на прозирната фолија, се поставува модлата врз кората, се подига долната фолија и се превртува, се одлепува фолијата и готово е - кората е сместена во модлата.
Лиценца: Сите права се задржани