Тарт со крем од бадеми (Бакењелл тарт)
Подготовка
1. Брашното, шеќерот и солта измешајте ги во подлабок сад. Додајте го путерот и втривајте го со прсти во брашното, додека да се раскршат сите парченца. Додајте ги жолчката и водата. Формирајте тесто и расукајте го во кора. Кората треба да биде за неколку цм поголема од калапот за тарт кој ќе го користите (јас користев 23цм). Префрлете ја внимателно кората во калапот и наместете ја убаво по рабовите. Отстранете го вишокот тесто што останува надвор од калапот (или свиткајте го навнатре за да ги зацврстите страните на тартот). Избоцкајте го тестото со вилушка и ставете го калапот 30тина минути во фрижидер. За тоа време загрејте ја рерната на 200степени. Извадете го калапот и обложете го тестото со хартија за печење и истурете нешто за тежина (ориз, грав..). Печете го вака 20 минути, потоа остранете ја хартијата за печење со тежината и печете уште 5-10 минути. Оставете го да се олади кратко.
2. За филот, путерот изматете го со шеќерот. Додајте го брашното, солта, јајцето, белката и екстрактот. Измешајте до соединување.
3. Премачкајте го делумно оладеното тесто со мармаладот од малини. Потоа додајте го и кремот од бадеми и израмнете. Посипете со бадем во лист по целата површина. Печете уште 35 минути на 180 степени. По печењето оставете го да се олади целосно пред да го сечете. На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани