1
авг
2012
Тава со телешко
Во тава на оган го ставаме кромидот ситно исецкан со маслото да се пропржи, потоа го додаваме и телешкото месо исецкано на коцки и него го пропржуваме 10 минути. Компирот го лупиме и го сецкаме на коцки, исто и морковот го лупиме и го сецкаме на кругчиња. Во тавата на оган го додаваме и компирот и морковот. Посолуваме со зачинал и 1 лажица црвен пипер. Сите состојки ги промешуваме, а потоа додаваме зовриена вода да ги облее сите состојки.Тавата ја ставаме во загреана релна да крчка околу саат време.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови