Пилешкиот стек се сече на парчиња и се пржи на загреан зејтин. Во истата тава се додаваат и печурките и се пржат. Компирот се лупи и се сече на поситни коцки. Во поголем плех се мешаат содржината од тавата и останатиот зеленчук. Се додаваат зачините и се налева со виното, водата и сенфот. Целата содржина се меша, се покира со алу фолија и се пече. Пред крај се трга фолијата и се допечува тавата додека испари сета течност.
Печурките може да бидат свежи или конзервирани. Брза и едноставна подготовка, а богата чинија на изглед и вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани