Сусамките на Јана
Се мешаат сувите состојки.
Им се додаваат јајцата и маргаринот(путерот) омекнат на собна температура и исечен на парчиња. Се замесува мазно, меко, сјајно тесто.
Се остава во фрижидер на 1 час, завиткано во фолија за свежо.
Потоа на набрашнета подлога се отвора кора со помош на оклагија, не многу тенка, околу пола сантим и со помош на калапи се вадат форми.
Се редат во намрсена тава или на хартија за печење.
Се премачкуваат со жолчка.
Наросуваат со сусам.
Се печат во загреана рерна на 200 степени додека поруменат.
На здравје!
*Денес си имав мала, слатка помошничка ЈАНА, која сите сусамки сама ги направи...и така си го добија и името....))))
Лиценца: Сите права се задржани
Probaj i so rumce...imaat nekoj smek... :-)
Fala ti...