17
дек
2013
Сусам ролат
За овој ролат потребни се само две состојки, а многу е вкусен. Понекогаш убавината е во едноставноста, а ова е еден од таквите едноставни рецепти чиј вкус долго останува на јазикот.
Сусамот се става во тава и на тивко се подпржува со постојано мешање додека се зацрвени.
Локумот се сецка на поситни парчиња и се замесува заедно со испржениот сусам. Смесата убаво се меси додека се спои, а потоа на фолија се расукува кора. Врз кората се редат сецкани желе бонбони по желба и се свиткува ролат кој се остава убаво да се спои и да одседи преку ноќ. Се сече на тенки парчиња и се служи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови