Компирите се варат со лушпа. Откако ќе се сварат се лупат и се ставаат блендер. Се вари и црвената леќа додека не омекне, а потоа се додава во блендерот. Во целото варење не се додава сол. Водата во која се вареше леќата не се фрла- една црпалка од водата се додава во блендерот. Се микса содржината, доколку има потреба се додава уште малку вода. Содржината се зачинува со зачин, малку сол и црн бибер. На страна се мати јајцето со павлаката.Измиксаната содржина ја враќаме на оган и откако ќе зоврие земаме дел и го мешаме со јајцето - стопленото јајце го додаваме на целата содржина. Ја тргаме супата од оган и ја сервираме топла, декорирана со изматена павлака. Може да се додаде и магдонос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови