
Сукани парени банички со сирење
Подготовка
 Брашното со квасецот, солта и зејтинот го замесуваме со топла вода. Од тестото формираме неколку топки, големината и бројот на топчињата тесто зависат од површината на која ќе ги сукате.
 Топчињата ги сукаме попрскуваме со неколку лажици зејтин ставаме од дробеното сирење и ги формираме во банички. Вака подготвените банички ги ставаме во плех. Печеме на 200степени убаво да заруменат.
 Од како баничките ќе се испечат попарете ги со врелата вода и зејтинот и повторно вратете ги во рерната да ја впијат течноста.
 На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани



















