Суви полнети пиперки
Пиперки на сто начини. Еве уште еден интересен предлог од мене.
Подготовка:
1. Пиперките обарете ги за да можете да ги отворите за полнење.
2. Во касерола, запржете го кромитчето, до добивање стаклена боја, па додајте го оризот кој претходно добро го измивте. Тргнете на страна, па додајте ги оревите и сувото грозје.
3. Обарените пиперки исцедете ги од водата, па наполнете ги со смесата, пополека. Ако се некој тенки, полека со лажиче ставете од смесата. Редете во тавче едно до друго. Готвев за двајца и ставив 6 пиперки. Ако сакате за повеќе само дуплирајте ја смесата.
4. Полијте ги со топла вода и ставете нека се пече. Не оставајте да изгорат многу на површината.
Нека ви е на здравје со овој посен ручек.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови