
Суви колачиња
Сите состојки се замесуваат, добиеното тесто се остава во фрижидер 30-60 минути. Се прави кора со дебелина од половина сантиметар и се прават саканите форми. Се редат во намрсен плех или тава со пек хартија, се премачкуваат малку со млеко и кристал шекер. Се печат 10 минути на 200 степени, во претходно загреана рерна. Малку нека отстојат во плехот, па се вадат. Се чуваат во лимена кутија. На здравје.