Рецепт кој ќе ви послужи кога не ви текнува што да направите со остатокот од белките. Јас го првев со намалени количини затоа што сакав токму останатите 3 белки да ги искористам, користев половина лист обланда и што е жално - ова не е од типот на заборавените слатки, а јас заборавив да ги извадам навремено и ја добив браонкастата боја наместо да останат бели. Вие нема да ги заборавите и ќе си ги направите баш како треба. Користев микс на суви овошја, односно додадов и суви кајсии...
Припрема
- Сувите смокви насецкајте ги и измешајте со сувото грозје и 50 гр. шеќер.
- Од белките измиксајте цврст беланец и при крајот постепено додадете ги останатите 200 гр. шеќер, продолжете да матите но кратко време. Додадете го и сувото овошје и лесно со лажица измешајте ги.
- Листот обланда ставете го во плех и добиената смеса намачкате ја еднакво на листот - печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
Напомена
- доколку го сакате вкусот на румот - тогаш пред да ги исечете смоквите ставете ги во рум, секако и сувото грозје, потоа исцедете и насецкајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани